Генералниот секретар на ОИС Ијад Медени поднесе оставка на должноста

Ијад Медени поднел оставка поради „здравствени причини“ и на негово место за нов генерален секретар на Организацијата за исламска соработка (ОИС) го предложил поранешниот министер за социјални прашања Јусуф Ахмед ел-Усејмин

600783
Генералниот секретар на ОИС Ијад Медени поднесе оставка на должноста

Генералниот секретар на Организацијата за исламска соработка (ОИС) Ијад Медени поднесе оставка на должноста.

Во веста објавена од страна на Меѓународната исламска новинска агенција (IINA) на Организацијата за исламска соработка (ОИС) се истакнува дека Ијад Медени поднел оставка поради „здравствени причини“ и дека на негово место за нов генерален секретар на Организацијата за исламска соработка (ОИС) го предложил поранешниот министер за социјални прашања Јусуф Ахмед ел-Усејмин.

Ијад Медени за генерален секретар на Организацијата за исламска соработка (ОИС) беше избран на 31 јануари 2014 година.



Слични вести