Денес во Копенхаген се состануваат лидерите на северноевропските земји

Безбедноста и одбраната заземаат значајно место на тридневниот состанок

601575
Денес во Копенхаген се состануваат лидерите на северноевропските земји

Денес во рамките на 68-та серија на состаноци Советот на северноевропските земји во Копенхаген се состануваат лидерите на северноевропските земји.

Покрај лидерите на земјите членки на Советот, ќе учествуваат и некои министри и претседатели на парламентите. Главна тема на состанокот на Советот се мерките и санкциите кои треба да се преземат за остварување на целта на ОН за одржлив развој.

Безбедноста и одбраната заземаат значајно место на тридневниот состанок.

Пред состанокот на кој ќе се разменат и мислења во врска со напнатоста на Балтичкото море во последните денови, привремениот претседател на Советот Хенрик Дам Кристенсен одржа прес конференција.

Кристенсен рече дека во периодот на привременото претседателство се фокусирале кон проблемите во Балтичкото море и соработката во одбраната. Исто така привлековме внимание на заканата од рускиот претседател Владимир Путин.

Земји членки на Советот на северноевропските земји се Данска, Шведска, Норвешка, Финска, Исланд, Фарските острови, островот Гренланд и островот Аланд.



Слични вести