Во воздушни напади во Јемен загинаа 60 лица

Извори на Хусите соопштија дека биле бомбардирани една полициска станица и затворот Ез-Зејдије во градот Ел-Худејде и дека во воздушните напади загинале 60 лица од кои повеќето затвореници, а десетици лица биле ранети

600353
Во воздушни напади во Јемен загинаа 60 лица

Во реализирани воздушни напади од страна на коалиционите сили под водство на Саудиска Арабија врз позициите под контрола на Хусите во градот Ел-Худејде во Јемен загинаа 60 лица, а десетици лица беа ранети.

Извори на Хусите соопштија дека биле бомбардирани една полициска станица и затворот Ез-Зејдије во градот Ел-Худејде.

Во воздушните напади загинаа 60 лица од кои повеќето затвореници, а десетици лица беа ранети.

Во меѓувреме јеменскиот претседател Мансур Хади велејќи дека не е „праведен“ го отфрли миорвниот план доставен од страна на специјалниот претставник на ОН за Јемен Исмаил Шеик Ахмед.

Хади тврдеше дека мировниот план за кој станува збор се коси со одлуките донесени на разговорите за национален дијалог кои што се реализирани со учество на сите политички групи и со резолуциите на ОН.

Хусите пак противници на јеменската управа запалија зелено светло на мировниот план.

Хусите истакнаа дека е покрај некои основни недостатоци во мировниот план планот претставува „основа за преговори“ и дека со задоволство го дочекуваат мировниот план од „принципиелен“ аспект во кој инаку се изоставува од вид неговата економска и хуманитарна димензија.



Слични вести