Потпишан Сеопфатниот економски и трговски договор (ЦЕТА) меѓу ЕУ и Канада

На церемонијата на потпишување на Сеопфатниот економски и трговски договор (ЦЕТА) меѓу ЕУ и Канада учествуваа претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, канадскиот премиер Џастин Трудо и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер

600290
Потпишан Сеопфатниот економски и трговски договор (ЦЕТА) меѓу ЕУ и Канада

Во белгискиот главен град Брисел потпишан Сеопфатниот економски и трговски договор (ЦЕТА) меѓу ЕУ и Канада.

На церемонијата на потпишување на договорот учествуваа претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, канадскиот премиер Џастин Трудо и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

Договорот за слободна трговија за кој што се преговараше приближно 7 години поради тоа што не можеше да добие одобрение од регионот на Валонија стануваше причина да не може да се потпише од страна на федералната влада на Белгија.

Затоа потпишувањето на договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и Канада кое инаку беше закажано за четврток, минатата недела беше одложено.

Меѓутоа веднаш наредниот ден во петокот пратениците од регионот на Валонија за возврат на некои привилегии запалија зелено светло на договорот.  

Откако ќе стапи во сила Сеопфатниот економски и трговски договор (ЦЕТА) се очекува да се укинат 98-отсто од царинските даночни стапки меѓу ЕУ и Канада.

Договорот се очекува во декември да биде ратификуван од Европскиот парламент со што ќе започна и неговата првична примена.

Потоа пак во рок од 2 години овој договор треба да биде ратификуван и од страна на парламентите на 28-те земји членки на ЕУ

Преговорите во врска со договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и Канада во чии рамки ќе бидат укинати даноците и со усогласувањето на стандардите ќе се обезбедат предности и за двете страни беа започнати во 2009 година.

Оние кои се на страната на ЦЕТА застануваа во одбрана на тоа дека слободната трговија ќе придонесе кон економскиот раст, додека оние кои се противат на ЦЕТА  наведуваа дека тоа ќе биде во прилог на трустовите и дека ќе се одрази негативно на областите со слаба економска структура.



Слични вести