Крај на 29 месечната политичка криза: За нов претседател на Либан избран Мишел Авн

Мишел Авн во вториот круг од гласањето на 46-тата седница на парламентот со гласовите на 83-јца пратеници е избран за нов 13-ти претседател на Либан со што е ставено крај и на 29 месечната политичка криза во оваа земја

600672
Крај на 29 месечната политичка криза: За нов претседател на Либан избран Мишел Авн

За нов претседател на Либан кој што 29 месеци како не може да се избере во оваа земја е избран Мишел Авн.

Мишел Авн во вториот круг од гласањето на 46-тата седница на парламентот со гласовите на 83-јца пратеници е избран за нов 13-ти претседател на Либан.

81-годишниот Мишел Авн кој е поранешен офицер во периодот од 1988 до 1990 година ја извршуваше функцијата премиер.

Во Либан кој располага со мошне распарчен политички систем можеше да биде избран за претседател на државата дури откако ја доби поддршката на различните политички партии.

Нов либански премиер пак се очекува да стане Саид Харири со чија поддршка беше надмината и присутната 29 месечна политичка криза околу изборот на новиот претсеател на државата.

Поради тоа што Либан е мултиетничко општество во кое доминираат три големи религии и различни етнички групи согласно постигнатиот договор за квота за поделба на власта претседателот треба да биде христијанин-маронит, претседателот на парламентот шиит, а премиерот сунит.



Слични вести