Дедективи на ФБИ извршија претрес во домот и работното место на бизнисмен близок со ФЕТО

Засега не е објавено било какво соопштение во врска со содржината на истрагата во чии рамки од страна на дедективите на американското Федерално истражно биро ФБИ беа запленети некои документи и копјутери

600477
Дедективи на ФБИ извршија претрес во домот и работното место на бизнисмен близок со ФЕТО

Американското Федерално истражно биро ФБИ во градот Њујорк реализира претрес во домот и работното место на еден бизнисмен кој е познат по блискоста со Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ.  

Засега не е објавено било какво соопштение во врска со содржината на истрагата во чии рамки од страна на дедективите на американското Федерално истражно биро ФБИ беа запленети некои документи и компјутери.

Се мисли дека истрагата е во врска со трансфер на незаконски стекнати пари.

Сопственикот на кафетеријата на своите сметки преку социјалните медиуми се гледа дека ги споделил говорите на челникот на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО, Фетулах Ѓулен.

Кафетеријата лоцирана во близина на меѓународниот аеродром „Џон Ф. Кенеди“ (JFK) во Њујорк била често посетувана и од страна на личности блиски со челникот на ФЕТО, Ѓулен.

Од друга страна се дознава дека сопственикот на кафетеријата во 2010 и 2011 година имал проблеми со своите ортаци и дека била покренета тужба со тврдење дека со фалсификуван документ презел дел од акциите на кафетеријата врз себе.



Слични вести