Австралиски граѓани посетија џамија во Сиднеј каде што беа информирани за исламот
Поканетите австралиски граѓани ја прошетаа џамијата Редферн која инаку е едната од првите изградени џамии од страна на турската заедница во Австралија и беа информирани во врска со оваа џамија и исламот како религија

Во рамките на исламофобијата во Австралија во една џамија во градот Сиднеј беа поканети австралиски посетители кои беа запознаени и информирани во врска со исламот.
Поканетите австралиски граѓани ја прошетаа џамијата Редферн која инаку е едната од првите изградени џамии од страна на турската заедница во Австралија и беа информирани во врска со оваа џамија и исламот како религија.
Посетителите беа доста задоволни од оваа нивна посета на џамијата и мислат дека тоа претставува добра можност за да се научи исламот.
Посетителите кои беа заинтересирани за тоа кои се разликите на исламот од останатите големи универзални регилии и потоа нагласија дека благодарение на оваа нивна посета согледале оти меѓу исламот и останатите големи универзални религии повеќе од разлики постојат сличности.
Имамот на џамијата Редферн во Синдеј Абдурахман Шахин во врска со посетата информираше за Турската радио-телевизија ТРТ и истакна дека муслиманите треба правилно да го живеат исламот и својата религија да им ја раскажат на граѓаните во земјите во кои се наоѓаат.
Во рамките на борбата против непријателството кон исламот кое што е во подем во Австралија слични посети се реализираат и на џамии во сопственост на други муслимански заедници во оваа земја.
Слични вести

Соопштение од ОАЕ до Турција во врска со летовите
Vо периодот од 13 мај до 1 септември, летовите за Трабзон ќе бидат остварени 3 пати