Уште 3 села западно од Мосул ослободени од терористичката организација ДАЕШ

Во операцијата за ослободување на Мосул од терористичката организација ДАЕШ западно од градот ослободени од терористите уште 3 села

599594
Уште 3 села западно од Мосул ослободени од терористичката организација ДАЕШ

Во рамките на операцијата за исчистување на терористичката организација ДАЕШ од градот Мосул во Ирак која започна на 17 октомври западно од градот се ослободени од терористите уште 3 села.

Во објавеното соопштение од Командата за операции Ниневија (Нинова) се истакнува дека за време на операцијата се уништени и 4 возила натоварени со бомби. 

Ирачката армија соопшти дека воени авини на коалиционите сили предводени од САД во реализиран воздушен напад „по грешка“ во градчето Тел Кејф на 12 километри северно од Мосул загинаа четворица ирачки војници, а 9 војници беа ранети.

Во соопштението се вели дека војниците за кои станува збор биле војници од составенот на 16-тата дивизија кои приближно една недела го опколиле Тел Кејф.

Ирачките армиски единици, силите Пешмерги и гардистите Ниневија (Нинова) од кои мнозинството го сочинуваат борци обучени од страна на турските војници во кампот Башика на 17 октомври ја започнаа операцијата за исчистување на Мосул од терористичката организација ДАЕШ.



Слични вести