Заврши операцијата за евакуирање на бегалскиот камп Кале во Франција
Надлежни во градот Кале истакнаа дека операцијата за евакуирање на бегалскиот камп која што започна во понеделникот траеше покусо од очекуваното и соопштија дека во наредните денови кампот ќе биде целосно растурен



Заврши операцијата за евакуирање на бегалскиот камп Кале во Франција.
Француски функционери истакнаа дека во кампот не останале бегалци.
Бегалскиот камп во францускиот град Кале кој се нарекува и Џунгла беше испразнет за 3 дена.
Надлежни во градот Кале истакнаа дека операцијата за евакуирање на бегалскиот камп која што започна во понеделникот траеше покусо од очекуваното и соопштија дека во наредните денови кампот ќе биде целосно растурен.
За време на работите за евакуирање дојде и до инциденти.
Некои бегалци кои се противеа на евакуирањето ги запалија бараките и шаторите од кои беа принудени да излезат.
Во бегалскиот камп Кале кој се наоѓа на маршрутата на бегалците кои сакаат да заминат за Велика Британија пред работите за евакуирање беа сместени над 8 илјади бегалци.
Приближно 2 илјади бегалци од кои повеќето го сочинуваат Суданци кои во францускиот главен град Париз дошле преку Италија продолжуваат да живеат на плоштадот Сталинград и во околните шатори во 19-тата област на Париз.