Состанок на министрите за одбрана на НАТО во Брисел

Министерот Фикри Ишик заедно со францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ле Дриан и американскиот секретар за одбрана Ештон Картер направи проценка на операцијата на Мосул

598083
Состанок на министрите за одбрана на НАТО во Брисел

Од една страна продолжуваат судирите во Ирак и Сирија, а од друга земјите сојзунички во НАТО ги преразгледуваат своите одбранбени стратегии во чии рамки во белгискиот главен град Брисел се состанаа министрите за одбрана на земјите членки на Алијансата.

На состанокот Турција ја претставува министерот за одбрана Фикри Ишик кој нагласи дека за време на операциите во борбата против терористичката организација ДАЕШ со интервенција на надворешни сили не треба да се промени демографската структура на градовите како што се Мосул, Тел Афер и Рака.

Министерот Фикри Ишик заедно со францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ле Дриан и американскиот секретар за одбрана Ештон Картер кои копретседаваа со состанокот на коалицијата за борба против ДАЕШ што се одржа минатата недела во Париз, направи проценка на операцијата на Мосул.

Министерот за одбрана Фикри Ишик го изрази задоволството од тоа што во воздушните операции за ослободување на Мосул од терористичката организација ДАЕШ е вклучена и Турција.

Велејќи „Случувањата во Мосул директно не засегаат нас. Бегалскиот бран најпрвин ќе се насочи кон нашата земја и ќе се одрази на цела Европа“, министерот Ишик истакна дека шиитските милициски сили Хашд-и Шаби не треба да учествуваат во операцијата на Мосул.

Фикри Ишик потсети дека борците кои ќе дојдат од надвор ќе доведат до реакција кај локалниот народ и објасни дека активностите кои ќе ја пореметат демографската структура на Мосул, Тел Афер и Рака уште повеќе ќе ја продлабочи безбедносната криза.

Од друга страна генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истакна дека Алијансата мора да ја зголеми својата сила на отпор пред воената политика на Русија. 

Изнесувајќи ја и својата загриженост во врска со 10-те воени бродови кои што ги испрати Русија во Источното Средоземје, Столтенберг рече: „Загрижени сме од можноста овие бродови да се користат во бомбардирањето на Алепо. Доколку Русија продолжи со воздушните напади катастрофата во Алепо ќе се продлабочи и ќе растат цивилните загуби.“

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг подвлече дека поддршката која што му се дава на режимот на Асад ќе ја продлабочи уште повеќе хуманитарната криза во Сирија.



Слични вести