Шпанија во потрага по нова влада

владата на Рахој во вториот круг се очекува да ја добие довербата на собранието.

598270
Шпанија во потрага по нова влада

Шпанија која 10 месеци е без влада, во потрага по нова малцинска влада.

Активностите за формирање нова малцинска влада започна со промовирањето на програмата на владата од страна на лидерот на Народната партија на Шпанија, Маријано Рахој кој од 2011 година се наоѓа на власт.

Во обраќањето до пратениците на Собранието, Рахој се осврна на приоритетното прашање на земјата како што е иницијативите за независноста на Каталонија.

Овие иницијативи претставуваат најсериозна закана за земјата, рече Рахој и подвлече дека прва обврска на сите граѓани е заштита на единството на Шпанија.

Земјата има потреба од големи реформи рече Рахој и ги наброи приоритетните реформи како што се реформите во финансискиот, образовниот и пензионерскиот систем за автономните покраини.

Во текот на процесот за гласање за доверба на владата, до Генералното заседание на собранието на Шпанија ќе се обратат и лидерите на останатите политички партии.

Според уставот на Шпанија, новата влада треба да се формира најдоцна до 31 октомври.

Првото гласање за доверба на новата влада во шпанското собрание кое брои 350 пратенички места ќе се одржи во вечерните часови и ќе се бара квалификувано мнозинство од 176 пратенички места.

Благодарение на одлуката за воздржаност на Социјалистичката работничка партија со цел во рок од една година да не се оди по трет пат на избори, владата на Рахој во вториот круг се очекува да ја добие довербата на собранието.



Слични вести