Освен кавга нема ништо ново на состанокот на СБ на ОН

Алепо се претвори во смртоносна зона

598387
Освен кавга нема ништо ново на состанокот на СБ на ОН

На состанокот на Советот за безбедност на Обединетите наци (СБ на ОН) кој се одржа со цел да се оконча драмата во Алепо, освен кавга, нема ништо ново.

Состанокот кој беше посветен на доставувањето хуманитарна помош на Сирија, беше сцена на префрлувања меѓу претставниците на Русија и некои други земји.

Стивен О’Брајан заменик генералниот секретар за хуманитарни работи на ОН во поздравниот говор на свеченото отворање рече дека Алепо се претвори во смртоносна зона.

Невините луѓе во Алепо се бомбардираат од страна на руските борбени авиони и режимот на Асад, рече О’Брајан и потенцираше дека оние кои преживуваат пак се изложени на глад.

Одговорноста за окончување на војната и доставување хуманитарна помош на настраданите во Сирија припаѓа на СБ на ОН, рече О’Брајан и нагласи дека со месеци ништо не е направено.

Стивен О’Брајан го критикуваше СБ на ОН поради непреземање конкретни мерки за суспендирање на војната во Сирија и потенцираше: Во случај да не преземете санкции, тогаш нема да остане ниту Сирија ниту пак сирискиот народ. Сирија ќе биде срамното наследство на Советот за безбедност. Спречувањето на трагедијата од која нема враќање е во ваши раце.

Виталиј Чуркин постојаниот претставник на Русија во ОН остро реагираше на зборовите на О’Брајан.

Чуркин рече дека ако сакала да слушаат проповед, тогаш ќе одеа во црква.

Чуркин го обвини О’Брајан за неправедност и неискреност и рече дека О’Брајан во говорот воопшто не се осврнал на 8 дневното примирје кое го прогласи Русија.

На овие зборови на Чуркин, остро реагираше и американскиот постојан претставник во ОН Саманта Пауер која на рускиот претставник Чуркин му се обрати со следните зборови:

Не очекувајте благодарност за еднодневно примирје наспроти воените злосторства во Сирија.

Кога збор зеде Бешр Џафери, претставникот на режимот на Асад, претставниците на западните земји ја напуштија салата.



Слични вести