Вооружен напад на центар за обука на полицајци во Пакистан: 61 загинат

На еден центар за обука на полицајци во близина на градот Квета во покраината Белуџистан во Пакистан беше извршен упад од страна на вооружени напаѓачи и во нападот загинаа 61 кандидати за полицајци, а 117 се ранети

596203
Вооружен напад на центар за обука на полицајци во Пакистан: 61 загинат

Во реализиран напад од страна на вооружени напаѓачи на еден центар за обука на полицајци во близина на градот Квета во покраината Белуџистан во југозападниот дел на Пакистан загинаа 61 кандидати за полицајци, а 117 лица се ранети.

Здравствената состојба на повеќето од ранетите е тешка.

Одговорноста за нападот одделно ја презедоа терористичките организации ДАЕШ и Талибан.

надлежни истакнаа дека терористите кои го реализирале нападот биле тројца кои на себе носеле и самоубиствени елеци и зеле во заложништво неколку кандидати за полицајци.

Пакистанското министерство за внатрешни работи соопшти дека операцијата за спасување е завршена и дека терористите се неутрализирани.

Беше побарано од народот во градот Квета да не излегува од своите домови, а болниците се ставени во алармна состојба.

За време на терористичкиот напад во центарот за обука на полицајци се наоѓале 700 лица.

Американскиот државен секретаријат го осуди реализираниот напад.

Во објавеното писмено соопштение од Стејт департментот се вели следното: „САД го осудуваат терористичкиот напад на центарот за обука на полицајци во Квета.“

Во соопштението се изразува сочувство до семејствата на загинатите во нападот и се вели дека САД во овој тежок момент стојат покрај пакистанската влада и пакистанскиот народ.



Слични вести