Во реализирани операции во ирачкиот град Киркук се убиени 75 терористи на ДАЕШ

Началникот за јавен ред и мир во Киркук Хело Неџат изјави дека операциите во градот Киркук и околината кои започнаа во петок продолжуваат и дека во тие рамки досега се убиени 75 терористи на ДАЕШ, а 30 лица се притворени

596876
Во реализирани операции во ирачкиот град Киркук се убиени 75 терористи на ДАЕШ

Во реализирани операции во ирачкиот град Киркук (Керкук) и околината се убиени 75 припадници на терористичката организација ДАЕШ.

Началникот за јавен ред и мир во Киркук Хело Неџат изјави дека операциите во градот Киркук и околината кои започнаа во петок продолжуваат и дека во тие рамки досега се убиени 75 терористи на ДАЕШ, а 30 лица се притворени поради сомневање за поврзаност со тероризам.

Началникот на полицијата за населените места околу Киркук Серхад Кадир пак истакна дека во операцијата за чистење започната во населеното место Дакук во едно буре бил фатен братучедот (син од вујко) на соборениот ирачки лидер Садам Хусејин, Низар Хамуд Абдулгани.

Истиот функционер ја сподели и информацијата дека братот на Низар Хамуд бил одговорен на ДАЕШ за месноста Решад во населеното место Хавиџе.

Како што се истакнува во операциите во населеното место Хавиџе и месноста Ријаз се трага по братучедите на соборениот ирачки лидер Садам Хусејин, Хишам, Муејед и Мусена Хамуд за кои се наведува дека биле високи функционери на ДАЕШ.



Слични вести