Четири едновремени самоубиствени напади во ирачкиот град Киркук

Во ирачкиот град Киркук од страна на припадници на терористичката организација ДАЕШ се реализирани четири едновремени самоубиствени напади во кои засега не е познато колку изнесува бројот на загинатите или повредените

596265
Четири едновремени самоубиствени напади во ирачкиот град Киркук

Ирачкиот град Киркук (Керкук) беше сцена на самоубиствени напади на терористичката организација ДАЕШ.

Во четири едновремено реализирани самоубиствени напади засега не е познато колку изнесува бројот на загинатите или повредените.

Според добиени информации од известувачката екипа на Турската радио-телевизија ТРТ во регионот ослонувајќи се на полициски извори двајца самоубиствени напаѓачи го активирале експлозивот на себе на мостот во градот Киркук на патот кон Багдад, еден во Зелената зона и еден во областа Сејада.

Установено е дека терористите пред неколку дена влегле во градот заедно со бегалците.

Терористичката организација ДАЕШ  реализира напад во градот Киркук и на крајот на неделата, но притоа терористите на ДАЕШ беа одбиени од страна на силите Пешмерги.

Во градот Киркук се претпоставува дека има голем број терористички ќелии на ДАЕШ кои мируваат.

Терористичката организација ДАЕШ која е подложена на напади во градот Мосул за поделување на силите Пешмерги се обидува да отвори нови фронтови во северниот дел на Ирак.

Ирачките армиски единици, силите Пешмерги и гардистите Ниневија (Нинова) од кои мнозинството го сочинуваат борци обучени од страна на турските војници во кампот Башика на 17 октомври ја започнаа операцијата за исчистување на Мосул од терористичката организација ДАЕШ.



Слични вести