Во воздушни напади на коалиционите сили во градот Шебве во Јемен се убиени 20 Хуси

Во објавеното соопштение од прес-центарот Бејхан во градот Шебве на провладините Сили за Народен отпор се истакнува дека воени авиони на коалиционите сили ги погодиле позициите на Хусите во областите Дар Ал Мансур, Усејлан и Хиџр Кехлан во градот

596058
Во воздушни напади на коалиционите сили во градот Шебве во Јемен се убиени 20 Хуси

Во реализирани воздушни напади од страна на коалиционите сили под водство на Саудиска Арабија во градот Шебве во источниот дел на Јемен се убиени 20 Хуси.

Во објавеното соопштение од прес-центарот Бејхан во градот Шебве на провладините Сили за Народен отпор се истакнува дека воени авиони на коалиционите сили ги погодиле позициите на Хусите во областите Дар Ал Мансур, Усејлан и Хиџр Кехлан во градот.

Во соопштението се вели дека во нападите на областа Дар Ал Мансур биле убиени 20 милитанти Хуси.

Претходно беше соопштено дека од страна на јеменската армија и провладините Сили за Народен отпор биле одбиени и синоќешните напади на Хусите врз некои позиции во населеното место Усејлан во градот Шебве.

Во нападите за кои станува збор беше соопштено дека загинале 5 припадници на Хусите и еден висок функционер на Силите за Народен отпор по име Абдулхади Ел Тахири Ел Мусаби.

Специјалниот претставник на ОН за Јемен Вилд Еш Шеик Ахмед претходно истакна дека и покрај прекршувањата од двете страни во голема мера беше влијателен прекинот на огнот која стапи во сила на 19 октомври во среда и истече на 22 октомври во сабота на полноќ поради што упати повик за продолжување на прекинот на огнот за уште 72 часа.

Јеменската влада пак истакна дека нема да прифати прекинот на огнот да биде продолжен, а како што рече поради тоа што ќе им овозможи на пучистите да се опорават.



Слични вести