Во операциите во либискиот град Сирте против ДАЕШ се спасени и двајца турски граѓани

Претседателот на Военото собрание на Мисрата Ибрахим Бејтулмал во дадената изјава за новинската агенција Анадолија рече: „Бројот на спасените турски заложници од рацете на ДАЕШ во Сирте не е еден како што беше соопштено претходно туку се двајца.“

595507
Во операциите во либискиот град Сирте против ДАЕШ се спасени и двајца турски граѓани

Како што се истакнува бројот на турските заложници кои беа спасени во реализираните операции против терористичката организација ДАЕШ во градот Сирте во Либија изнесува двајца.

Претседателот на Военото собрание на Мисрата Ибрахим Бејтулмал во дадената изјава за новинската агенција Анадолија рече: „Бројот на спасените турски заложници од рацете на ДАЕШ во Сирте не е еден како што беше соопштено претходно туку се двајца.“ 

Бејтулмал ја сподели и информацијата дека спасените граѓани во моментов се наоѓаат во безбедно место и под заштита на единиците лојални на владата на национален компромис.

Истиот функционер додаде дека либиските власти се во комуникација со турскиот конзулат за предавање на двајцата турски граѓани за кои станува збор.

Во вчерашното објавено соопштение од страна на Командата на оперативните сили „Ел-Бунјан ел-Мерсус“ кои се водат од страна на единици лојални на владата на национален компромис беше истакнато дека во реализираните операции против терористичката организација ДАЕШ во градот Сирте се спасени 13 лица од кои еден турски граѓанин кои биле земени во заложништво од страна на ДАЕШ.

Во меѓувреме силите лојални на либиската влада во реализираните операции кои што траат веќе 6 месеци и се поддржуваат од воздух и од страна на САД го зазедоа поголемиот дел од пристанишниот град Сирте.



Слични вести