Во напад на воен авион на сирискиот режим на цивилно населено место кај Идлиб загинаа 5 лица

Воен авион на сирискиот режим реализира воздушен напад на месноста Кефр Техарим во северозападниот дел на градот Идлиб во кој животот го загубија 5 лица, а голем број лица се ранети

595984
Во напад на воен авион на сирискиот режим на цивилно населено место кај Идлиб загинаа 5 лица

Во реализиран воздушен напад од страна на воен авион на сирискиот режим на месноста Кефр Техарим во северозападниот дел на градот Идлиб животот го загубија 5 лица, а голем број лица се ранети.

Според добиени информации од функционери за цивилна одбрана продолжуваат активностите за спасување на 21-но лице кои останале затрупани под срушените згради кои биле цел на бомбардирањето.  

Голем број ранети лица во воздушниот напад се префрлени на лекување во полската болница во месноста.



Слични вести