Во Малта се урна мал авион кој патувал за либискиот град Мисрата

Авионот кој патувал од Малта за либискиот град Мисрата се урнал кусо време по полетувањето и во несреќата животот го загубиле 5 лица вработени во Пограничната агенција на ЕУ Фронтекс

595907
Во Малта се урна мал авион кој патувал за либискиот град Мисрата

При уривање на авион во кој се наоѓале вработени во Пограничната агенција на ЕУ Фронтекс во Малта животот го загубија 5 лица.

Авионот кој патувал од Малта за либискиот град Мисрата се урнал кусо време по полетувањето.

Како што се вели авионот бил со капацитет за 10 лица со два мотора од типот Метролајнер и бил изнајмен од Луксембург за вработените на Фронтекс.

Досега екипите успеаја да ги пронајдат мртвите тела на 5 лица и активностите за пребарување и спасување продолжуваат.

Засега не е познат идентитетот на загинатите во несреќата и за чии граѓани станува збор.



Слични вести