Терористите на ДАЕШ убиле 200 лица кои не сакале да војуваат на нивна страна

Пратеникот од Ниневија (Нинова) Интисар ел-Џубури истакна дека во последните неколку дена од страна на ДАЕШ биле убиени 200 лица кои не сакале да војуваат на страната на оваа организација

595459
Терористите на ДАЕШ убиле 200 лица кои не сакале да војуваат на нивна страна

Додека продолжува операцијата за спасување на Мосул, вториот по големина град на Ирак, од рацете на терористичката организација ДАЕШ се тврди дека оваа крволочна организација во градот убила 200 лица кои не сакале да војуваат на нејзина страна.

Пратеникот од Ниневија (Нинова) Интисар ел-Џубури истакна дека во последните неколку дена од страна на ДАЕШ биле убиени 200 лица кои не сакале да војуваат на страната на оваа организација.

Џубури рече дека убиствата биле извршени во различни области на Мосул и дека мртвите тела на убиените не им биле предадени на нивните семејства.

Американскиот телевизиски канал СНН Интернешнл исто така соопшти дека ДАЕШ вчера во Мосул уби 284 лица. 

Во веста се истакнува дека меѓу жртвите кои биле закопувани во масовни гробници ископани со булдожери имало и деца.

Исто така и функционери за човекови права на ОН завчера соопштија дека терористите на ДАЕШ од селата на Мосул собрале најмалку 550 семејства кои ги однеле во областите под своја контрола, а со цел да ги искоритат како жив штит.



Слични вести