Сомалиските пирати ослободија 26 морнари кои ги држеа во заложништво 54 месеци

Во објавеното соопштение од кабинетот на Канцеларијата за дрога и криминал на ОН се вели дека 26-те ослободени морнари на рибарскиот брод „ФВ Нахам 3“ се очекува денеска да пристигнат во главниот град на Кенија Најброби

595286
Сомалиските пирати ослободија 26 морнари кои ги држеа во заложништво 54 месеци

Канцеларијата за дрога и криминал на ОН истакна дека биле ослободени 26-те морнари на бродот ФВ Нахам 3 кој беше киднапиран на 26 март 2012 година и се држеше во заложништво цели 54 месеци.

Во објавеното соопштение од кабинетот на Канцеларијата за дрога и криминал на ОН се вели дека 26-те ослободени морнари се очекува денеска да пристигнат во главниот град на Кенија Најроби.

Во соопштението се истакнува дека Канцеларијата за дрога и криминал на ОН води борба против сомалиските пирати и им доставува помош на регионалните земји за фаќање на пиратите во меѓународни стандарди и нивно изнесување пред суд, а исто така се додава дека заложниците биле ослободени како резултат на преземени интензивни активности.

Во истото соопштение се вели дека и претходно беа спасени 150 заложници кои им беа предадени на нивните семејства и се напоменува дека „никако не се заборава на заложниците“.

Рибарскиот брод ФВ Нахам 3 кој пловеше под Оманско знаме и на кој се наоѓаа 29 членови на екипажот со камбоџиско, кинеско, индонезиско, филипинско, тајванско и виетнамско државјанство на 26 март 2012 година на 65 морски милји од Сејшелските острови беа киднапирани од страна на сомалиските пирати.

29-те киднапирани морнари беа држени во заложништво во Сомалија 54 месеци и тројца од нив го загубија животот, а останатите 26 морнари се ослободени.



Слични вести