Силите Пешмерги преминаа во акција за ослободување на градчето Башика од рацете на ДАЕШ

Со започнатата операција во раните утрински часови се има за цел да биде ослободено од рацете на терористичката организација ДАЕШ градчето Башика кое се наоѓа на 20-сетина километри од градот Мосул

595243
Силите Пешмерги преминаа во акција за ослободување на градчето Башика од рацете на ДАЕШ

На седмиот ден од операцијата за спасување на Мосул од терористичката организација ДАЕШ силите Пешмерги кои продолжуваат да напредуваат на фронтовите Наверан и Башика влегоа и во селата Омер Камчи, Фазилије и Тирбизе.

Во селото Тизксираб пак продолжуваат да се водат судири.

Со започнатата операција во раните утрински часови се има за цел да биде ослободено од рацете на терористичката организација ДАЕШ градчето Башика кое се наоѓа на 20-сетина километри од градот Мосул. 

Во првите часови од операцијата терористичката организација ДАЕШ во селото Омер Камчи реализира напад со возило-бомба, но овој напад беше одбиен од страна на силите Пешмерги со противтенковски проектили.

Терористичката организација ДАЕШ подолго од две и пол години го држи во свои раце ова село во кое претежно живеат христијани и језиди. 

Во подрачјето на градчето Башика пак се распоредени и турски војници кои од минатата година досега ги обучуваат гардистите Ниневија (Нинова) кои се составени од борци од Мосул. 

Областа каде што се водат жестоки судири и кампот за обука Башика има само неколку километри.

Ирачките армиски единици, силите Пешмерги и гардистите Ниневија (Нинова) од кои мнозинството го сочинуваат борци обучени од страна на турските војници во кампот Башика на 17 октомври ја започнаа операцијата за исчистување на Мосул од терористичката организација ДАЕШ.



Слични вести