По тридневниот прекин на огнот повторно започнаа вооружените судири во Јемен

Воени авиони на коалицијата под водство на Саудиска Арабија утрово ги погодија утврдените цели во јеменскиот главен град Сана

595322
По тридневниот прекин на огнот повторно започнаа вооружените судири во Јемен

По тридневниот прекин на огнот повторно започнаа вооружените судири во Јемен.

Воени авиони на коалицијата под водство на Саудиска Арабија утрово ги погодија утврдените цели во јеменскиот главен град Сана.

Не наиде на позитивен одговор и повикот на ОН за продолжување на прекинот на огнот во оваа земја за уште 72 часа.

Денеска (недела) истече тридневниот прекин на огнот кој што беше постигнат за доставување хуманитарна помош по што во реализираните воздушни напади беа погодени некои воени кампови и радари во главниот град на Јемен Сана.

Во текот на тридневниот прекин на огнот кој стапи на сила во среда страните низа пати се обвинуваа меѓусебно за прекршување на прекинот на огнот.

Вооружените судири во Јемен помеѓу силите приврзаници на шиитските Хури и на соборениот претседател Али Абдулах Салех поддржани и од Иран и јеменските владини сили на претседателот Абдурабу МЈансур Хади поддржани од коалицијата под водство на Саудиска Арабија траат веќе 19 месеци.

Во војната во која досега загинаа приближно 10 илјади лица воедно и 3 милиони лица беа приморени да ги напуштат своите домови.



Слични вести