По истекот на тридневниот прекин на огнот повторно се водат жестоки судири во Алепо

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека по истекот на прекинот на огнот во Алепо повторно почнаа да се водат жестоки судири помеѓу силите на режимот и опозиционерите

595075
По истекот на тридневниот прекин на огнот повторно се водат жестоки судири во Алепо

По истекот на еднострано прогласениот прекин на огнот од страна на сирискиот режим поддржан од Русија, во градот Алепо повторно се водат жестоки судири.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека по истекот на прекинот на огнот во Алепо повторно почнаа да се водат жестоки судири помеѓу силите на режимот и опозиционерите.

Опсерваторијата истакна дека во судирите бил отворен обостран топовски оган.

Официјална Москва претходно соопшти дека прекинот на огнот за хуманитарна помош во текот на 3 дена ќе истече во сабота во 19:00 часот според локално време.

Од друга страна ОН соопштија дека за евакуирање на повредените е потребен прекин на огнот во времетраење од 3 до 4 дена.

И покрај тоа што продолжува сложеноста на состојбата по прашањето на продолжување на прекинот на огнот вооружените судири помеѓу страните се засилени на фронтовата линија во поделениот град Алепо.



Слични вести