Германската пратеничка Бетина Кудла неможеше да биде избрана за кандидат за претстојните избори

Бетина Кудла на состанокот што се одржа во градот Лајпциг на кој директно се одредувааат кандидатите за пратеници за парламентарните избори не можеше да биде избрана за кандидат за изборите кои се закажани за идната година

595392
Германската пратеничка Бетина Кудла неможеше да биде избрана за кандидат за претстојните избори

Германската пратеничка Бетина Кудла, единствениот пратеник во германскиот Парламент Бундестагот, кој гласаше против нацрт-законот за ерменските тврдења во врска со настаните од 1915 година, не можеше да биде избрана за кандидат за парламентарните избори кои се закажани за идната година. 

Бетина Кудла на состанокот што се одржа во градот Лајпциг на кој директно се одредувааат кандидатите за пратеници за парламентарните избори повторно ја истакна својата кандидатура за пратеничка од Лајпциг-Норд.

Кудла која се бореше против тројца свои противкандидати во првиот круг ги освои гласовите на 36 од вкупно 126 делегати.

Меѓутоа на местото на Бетина Кудла за директен кандидат за пратеник беше избран 48-годишниот Јенс Лехман, кој инаку е Олимписки шампион во велосипед во сала. 

Бетина Кудла беше единствениот пратеник во германскиот Парламент Бундестагот, кој гласаше против нацрт-законот за ерменските тврдења во врска со настаните од 1915 година и притоа истакна дека германскиот парламент не е надлежен да изнесува историски проценки во врска со настаните во други земји.



Слични вести