Франција го затвора мигрантскиот камп Кале

Француската влада истакна дека Џунглата, мигрантскиот камп Кале кој се наоѓа на маршрутата на мигрантите од Франција за Англија ќе биде дислоциран во понеделник

595204
Франција го затвора мигрантскиот камп Кале

Како што е соопштено ќе биде целосно дислоцирана Џунглата, мигрантскиот камп Кале кој е наоѓа меѓу мигрантските кампови со најлоши услови за живот во светот.

Француската влада истакна дека Џунглата, мигрантскиот камп Кале кој се наоѓа на маршрутата на мигрантите од Франција за Англија ќе биде дислоциран во понеделник.

Во последните години во мигрантскиот камп кој е домаќин на мигрантите кои бегаат од војната во нивните земји владее напнато исчекување.

Освен тоа што има и мигранти кои отсега го напуштаат кампот, поголемиот дел од мигрантите го продолжуваат исчекувањето во кампот.

Француската полиција пак почна да го држи кампот под 24 часовен надзор.

Училиштата и другите места за активности во кампот во кои работат доброволци се затворени.

Француската влада истакна дека мигрантите кои живеат во кампот ќе бидат испратени во 280 различни центри во земјата, а некои ќе бидат испратени во други европски земји.



Слични вести