Железничка несреќа во Камерун

Продолжуваат активностите за спасување на настраданите

594724
Железничка несреќа во Камерун

Во железничката несреќа во Камерун која асе случи како резултат на излетувањето на возот од шините загинаа 55, а над 600 лица беа повредени.

Се стравува од евентуално зголемување на загинатите.

Возот кој патуваше од Јаоуне за Доуала и беше пренатрпан со патници, во близината на градот Есека излезе од шините.

Сеуште не е позната причината за несреќата во која вагоните се срушија во провалија.

Продолжуваат активностите за спасување на настраданите.

Високи претставници на железниците на Камерун во изјавите преку радио истакнаа дека во возот со капацитет од 600 патници кој патуваше од главниот град Јаоунде за пристанишниот град Доуала, за време на несреќата имаше 1300 патници.

Голем број патници поради рушењето на еден мост од поројните дождови беа принудени да патуваат со воз.



Слични вести