Во операциите во Средоземното море беа откриени посмртните остатоци на 7 бегалци

Продолжуваат операциите за спасување на бегалците во Сицилискиот проток кој се наоѓа меѓу Италија и Либија

594850
Во операциите во Средоземното море беа откриени посмртните остатоци на 7 бегалци

Во операциите на италијанската крајбрежна стража во Средоземното море беа откриени посмртните остатоци на 7 бегалци, додека 3300 бегалци беа спасени.

Продолжуваат операциите за спасување на бегалците во Сицилискиот проток кој се наоѓа меѓу Италија и Либија.

Според информациите кои беа објавени во италијанските медиуми, во рамките на 24 операции на медитеранското крајбрежје на Либија, кои се водат од страна на Командата на крајбрежната стража со седиште во Рим, само вчера беа спасени 3300 бегалци.

Во операциите за спасување во два чамци беа откриени посмртните остатоци на 7 бегалци.



Слични вести