Во операцијата против ДЕАШ во Мосул загина еден американски војник

Продолжува вториот бран на операции во подрачјата околината на браната на Мосул, Есги, Тиликоф и Невера

594483
Во операцијата против  ДЕАШ во Мосул загина еден американски војник

Во операцијата против терористичката организација ДЕАШ во Мосул загина еден американски војник.

Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) соопшти дека во експлозијата на една рачна експлозивна направа на Северот на Ирак, загина еден американски војник.

Продолжува вториот бран на операции во подрачјата околината на браната на Мосул, Есги, Тиликоф и Невера.

Во петок (денес) ќе започне сеопфатна операција во подрачјето Фазилије.

Генералниот директор за прес при Министерството на пешмергите халгурт Хикмет во интервјуто за ТРТ рече дека плановите се остваруваат според предвидувањата.

Хикмет во врска со вториот бран на операции рече дека целта е да ослободат 20 населени места од контролата на ДЕАШ.

Ирачките воени единици, силите на пешмергите и муџахидите Нинова кои ја сочинуваат основата на војниците во кампот Башика, а кои беа обучени од страна а турските војници, на 17 октомври започнаа операција за чистење на Мосул од терористичката организација ДЕАШ.



Слични вести