Во Јемен стапи на сила предлогот за примирје на ОН

И покрај примирјето, продолжува опасноста во Јемен, поради што ќе продолжат извидничките летови на авионите наспроти евентуалниот ризик од мобилизација и раздвиженост на силите на Хутите и приврзаниците на соборениот лидер Али Абдулах Салих

593317
Во Јемен стапи на сила предлогот за примирје на ОН

По локално време во 23.59 часот во Јемен стапи на сила предлогот за примирје на ОН.

Според веста на официјалната новинска агенција на Саудиска Арабија (СПА), во соопштението кое беше објавено од страна на коалиционите сили беше истакнато дека ќе се придржуваат на повикот на претседателот на Јемен Абдурабу Мансур Хади за суспендирање на судирите со цел да се достави хуманитарна и медицинска помош на народот и дека примирјето почна во 23.59 часот.

Во соопштението беше истакнато дека и покрај примирјето, продолжува опасноста во Јемен, поради што ќе продолжат извидничките летови на авионите наспроти евентуалниот ризик од мобилизација и раздвиженост на силите на Хутите и приврзаниците на соборениот лидер Али Абдулах Салих.

Претседателот Хади претходно имаше изјавено рече дека ќе имаат поволен пристап кон повикот за примирје.

ОН претходно имаше најавено дека на 19 октомври среда во 23.59 часот според локално време во Јемен ќе стапи на сила договорот за 72 часовно примирје.

По средбата на 16 октомври во Лондон, англискиот министер за надворешни работи Борис Џонсон, американскиот државен секретар за надворешни работи Џон Кери и специјалниот претставник на ОН за Јемен Вилд еш-Шеик Ахмед, во заедничкото соопштение истакнаа дека интензивирањето на судирите во Јемен ја зголемуваат загриженоста и стапката на смртните случаи во земјата се искачи на неприфатливо ниво, поради што истакнаа дека под покровителство на ОН што поскоро треба да се постигне примирје во земјата.



Слични вести