Кери рече дека нема некои поголеми очекувања од претстојниот состанок во Женева посветен на Сирија

За што поскоро окончување на граѓанската војна во Сирија, Kери упати повик до Русија да фрли сериозни чекори на тоа поле

593788
Кери рече дека нема некои поголеми очекувања од претстојниот состанок во Женева посветен на Сирија

Американскиот државен секретар за надворешни работи Џон Кери рече дека нема некои поголеми очекувања од претстојниот состанок во Женева посветен на Сирија во врска со одвојувањето на приврзаниците на умерената опозиција и терористичките групи.

На заедничката прес конференција со министерот за надворешни работи на Јужна Кореја Јун Бјунг-се во Вашингтон, Кери се соврна на граѓанската војна во Сирија.

За што поскоро окончување на граѓанската војна во Сирија, Kери упати повик до Русија да фрли сериозни чекори на тоа поле.

Затоа немам некои високи очекувања во врска со прашањето на претстојниот состанок бидејќи ништо не е формирано врз основа на доверба, рече Кери.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Сојгу претходно имаше најавено дека на претстојниот состанок во Женева ќе учествуваат и воени претставници на некои земји и дека состанокот ќе биде посветен на одвојувањето на силите на опозицијата од терористичките групи во Алепо.



Слични вести