Ирачката армија и силите Пешмерги продолжуваат да напредуваат кон Мосул

Ирачката армија од југ и силите Пешмерги од исток продолжуваат да напредуваат заземајќи ги едно по едно селата во околината на градот Мосул

593699
Ирачката армија и силите Пешмерги продолжуваат да напредуваат кон Мосул

Четврти ден од операцијата за ослободување на ирачкиот град Мосул од терористичката организација ДАЕШ која започна на 17 октомври во понеделник.

Ирачката армија од југ и силите Пешмерги од исток продолжуваат да напредуваат заземајќи ги едно по едно селата во околината на градот Мосул.

Воени авиони на меѓународните коалициони сили пак реализираат воздушни напади врз позициите на терористичката организација ДАЕШ во градчето Башика.

Воздушната операција беше поддржана со гранатирање со хаубици и од страна на топовската единица на САД која е стационирана на планината Башика.

Во објавеното соопштение и од страна на Русија се истакнува дека за следење на операцијата во областа бил усмерен и сателит за извидување и биле испратени беспилотни летала.

Во меѓувреме американски функционери истакнаа дека постојат знаци околу тоа дека поради операцијата водачите на терористичката организација ДАЕШ го напуштиле Мосул.

Во градот се претпоставува дека се наоѓаат приближно 5 илјади терористи припадници на ДАЕШ.

Од друга страна пристигнуваат вести дека терористите на ДАЕШ за да го спречат бегството на населението од градот ги држат цивилите како жив штит.

ОН соопшти дека во првите недели од операцијата на Мосул би можеле да бидат принудени на раселување 200 илјади лица, додека ако се размисли најлошото сценарио оваа бројка може да достигне и до еден милион лица. 

Единиците на ирачката армија, силите Пешмерги и гардистите Ниневија од кои мнозинството го сочинуваат броци кои се обучени од страна на турските војници во кампот Башика на 17 октомври во понеделник започнаа операција за исчистување на Мосул од терористичката организација ДАЕШ.



Слични вести