Во судирите со вооружените групи на египетскиот Синајски полуостров загинаа 2 војници

Од септември 2013 година наваму египетската армија и полиција врши операции против терористите на Синајскиот полуостров и другите места

592627
Во судирите со вооружените групи на египетскиот Синајски полуостров загинаа 2 војници

Портпаролот на египетската армија Мухамед Семир рече дека армијата изврши препади на некои пунктови на северните предели на Синајскиот полуостров.

Во вооружените судири загинаа 2 војници, а од вооружените групи 6 лица, рече портпаролот Семир.

Во рамките на операцијата беа уништени 16 ќелии и 11 експлозивни направи, а 2 возила и 10 мотоцикли беа во неупотреблива состојба.

Од септември 2013 година наваму египетската армија и полиција врши операции против терористите на Синајскиот полуостров и другите места каде што смета дека постои закана од терористи.



Слични вести