53-отсто од младите Американци: Подобро земјата да ја удри метеор отколку Трамп да стане претседател

53-отсто од младите кои учествувале на едно спроведено анкетирање на универзитетот во Масачусетс Ловел во кое се наоѓаат и хумористични прашања велат дека подобро би било земјата да ја удри метеор отколку да го видат Доналд Трамп како претседател

592450
53-отсто од младите Американци: Подобро земјата да ја удри метеор отколку Трамп да стане претседател

Останаа уште 3 недели за одржување на претседателските избори во САД закажани за 8 ноември.

Од една спроведена анкета на универзитетот во Масачусетс Ловел со млади помеѓу 18 и 35 годишна возраст произлегоа интересни резултати.

Според тоа на трката за нов претседател на САД кандидатката на Демократската партија Хилари Клинтон води пред нејзиниот противкандидат од Републиканската партија Доналд Трамп со предност од 7 процентни поени.

53-отсто од младите кои учествувале на анкетирањето во кое се наоѓаат и хумористични прашања велат дека подобро би било земјата да ја удри метеор отколку да го видат Доналд Трамп како претседател.

67-отсто од младите Американци истакнаа дека на место да победи Трамп би сакале новиот претседател да биде извлечен на лотарија, додека 66-отсто велат дека би сакале Обама да биде прогласен за доживотен претседател.

На прашањето за кого би гласале помеѓу Клинтон и Трамп 66-отсто од младите Американци се определија за Клинтон, а 22-отсто за Трамп.



Слични вести