Вториот ден на операцијата во Мосул против терористичката ДЕАШ продолжува со сиот интензитет

Во предните борбени редови војуваат ирачките војници и пешмергите а во позадината ги поддржуваат американските сили

591879
Вториот ден на операцијата во Мосул против терористичката ДЕАШ продолжува со сиот интензитет

ОН соопшти дека од 20 октомври четврток, во Јемен беше постигната согласност со страните за примирје од 72 часа

Специјалниот претставник на ОН за Јемен Исмаил Шеик Ахмед изјави дека од претставниците на сите инволвирани страни добил гаранција за примирјето.

Почнувајќи од 23.59 минути по локално време, во Јемен ќе стапи 72 часовно примирје и во тие рамки ќе продолжат преговорите за продолжување на примирјето.

Согласно постигнатиот договор, во Јемен се предвидува да се спречи крвопролевањето и да се обезбеди влез на поголема количина хуманитарна помош, нагласија претставниците на ОН кои упатија повик до приврзаниците на страните да се придржуваат кон дадените гаранции.

Согласно договорот, сите инволвирани страни во судирите во Јемен ќе ги суспендираат судирите и ќе дозволат влез на хуманитарците и хуманитарната помош.



Слични вести