Предупредување од Советот за безбедност на ОН до Северна Кореја поради нуклеарните тестирања
Во соопштението за печатот усвоено во Советот за безбедност на ОН се истакнува дека Северна Кореја на 14 октовмри реализира неуспешен тест за лансирање на балистичка ракета

Советот за безбедност на ОН ја предупреди Северна Кореја дека доколку не се откаже од нуклеарните тестирања ќе бидат преземени неопходните мерки.
Во соопштението за печатот усвоено во Советот за безбедност се истакнува дека Северна Кореја на 14 октовмри реализира неуспешен тест за лансирање на балистичка ракета.
Во соопштението се нагласува дека оваа активност претставува прекршување на резолуциите на Советот за безбедност на ОН и е во спротивност со меѓународните обврски на оваа земја по што најостро се осудуваат овие ракетни тестирања.
Во истото соопштение се потсетува дека Северна Кореја на 15, 23, 27 и 28 април, 31 мај, 21 јуни, 9 и 18 јули, 22 и 23 август и на 5 септември реализира ракетни тестирања, а на 9 септември нуклеарно тестирање.
Се напоменува дека се чувствува сериозна загриженост поради овие наведени тестирања и се вели дека продолжувањето на овие активности на властите во Пјонгјанг претставува отворено прекршување на меѓународното право.
Во соопштението се додава дека со жалење се дочекува тоа што оваа земја своите извори наместо да ги користи за сопствениот народ ги троши за развивање на нуклеарно оружје.