Англиските разузнавачки служби 17 години по илегален пат ги следеле граѓаните

Англискиот Суд за истражување на овластувањата, донесе одлука според која беше утврдено дека англиските разузнавачки служби МИ5 и МИ6 и Владините центри за комуникации по илегален пат собирале информации за граѓаните

592161
Англиските разузнавачки служби 17 години по илегален пат ги следеле граѓаните

Англиските разузнавачки служби 17 години по илегален пат ги следеле граѓаните и собирале информации и податоци за нив.

Англискиот Суд за истражување на овластувањата, донесе одлука според која беше утврдено дека англиските разузнавачки служби МИ5 и МИ6 и Владините центри за комуникации, во периодот од 1998 до 2015 година по илегален пат собирале информации за граѓаните и тоа личните податоци им ги собирале преку прислушкување на телефоните и следење на интернет конекциите.

Следењето се косело со одредбите на Европската конвенција за човекови права пресуди судот и потенцираше дека со стапувањето на новите закони минатата година, следењето се стекнало со потребната законска рамка.

Разузнавачки служби собирале информации за тоа кој со кого каде и кога бил заедно, наместо комуникациски информации и информациите за одредени лица биле складирани.

Едвард Сноуден, еден од поранешните вработени во Американската национална безбедносна агенција во рамките на заедничкиот проект на САД и Англија, ја разоткри вистината дека ги следеле електронските комуникации низ целиот свет.

На тој начин, беа земени под лупа илегалните активности на следење на разузнавачките служби на Англија.



Слични вести