Во воздушни напади во Алепо во областите под контрола на опозиционерите загинаа 49 цивили

Неџип Енсари, функционер за цивилна одбрана во Алепо истакна дека во реализираните воздушни напади во источните делови на Алепо кои што се наоѓаат под контрола на опозиционерите животот го загубија 49 цивили, а 113 цивили се повредени

591420
Во воздушни напади во Алепо во областите под контрола на опозиционерите загинаа 49 цивили
halep.jpg

Во реализирани воздушни напади во градот Алепо во северниот дел на Сирија врз областите кои се наоѓаа под опсада на режимските сили животот го загубија 49 цивили, а 113 цивили се повредени.

Неџип Енсари, функционер за цивилна одбрана во Алепо изјави за новинската агенција Анадолија дека воени авиони во сопственост на Русија и сирискиот режим фрлиле различни поразорни бомби во Алепо во областите под контрола на опозиционерите. 

Енсари истакна дека во реализираните воздушни напади во источните делови на градот кои што се наоѓаат под контрола на опозиционерите, во квартот Катирџи животот го загубија 25 цивили, во квартовите Мујесир и Шеик Фарис по 7 лица, во Керем Незхе, Мешхед и Шеик Саид по 2 цивили и во квартовите Баб ел Насир, Кантане и Хајдарије по еден цивил.

Велејќи дека освен 49 загинати лица во бомбардирањата имало и 113 ранети, Енсари напомена дека екипите за цивилна одбрана до ранетите во горниот спрат на една бомбардирана зграда во квартот Катирџи достигнале со градежни машини. 

Енсари истакна дека повредените цивили во нападите биле носени во полските болници во областа и дека во нападите биле срушени или тешко оштетени голем број згради.

Неџип Енсари информира дека Алепо претходно беше цел на продорни боми и рече: „Русите веќе користат поразорни бомби. Додека на местата кои што претходно од страна на Русите беа бомбардирани беа формирани дупки од 5-7 метри, на местата каде што паѓаат овие бомби се формираат дупки од 10 метри. “

„Во Алепо во областите кои што се подложени на непрестано бомбардирање од страна на режимските сили и Русија постои човечка криза.“ - рече функционерот за цивилна одбрана во Алепо Неџип Енсари.



Слични вести