Во стампедо за време на верски собир во Индија животот го заубија 24 лица

За време на еден верски собир во индиската провинција Утар Прадеш дојде до стампедо во кое животот го загубија 24 лица, а 20 лица беа повредени

590402
Во стампедо за време на верски собир во Индија животот го заубија 24 лица

Во стампедо до кое дојде на еден верски собор во привинцијата Утар Прадеш во Индија животот го загубија 24 лица, а 20 лица беа повредени.

Настанот се случи во градот Варанаси низ кој што поминува реката Ганг за време на собирот на една хиндуска секта.

Приближно 70 илјади членови на сектата кои почнале да се движат кон кампот каде што ќе се одржел верскиот собир почнале да се враќаат назад од страна на полицијата.

По гласините околу тоа дека толпата од луѓе била враќана назад поради тоа што се урнал мостот на реката Ганг кој требало да го минат луѓето за да дојдат на местото на собирот, толпата од луѓе почнала да се движи хаотично при што дошло до стампедо во кое животот го загубиле 24 лица од кои 14 биле жени, а 20 лица биле повредени.

Надлежни истакнуваат дека не очекувале на собирот да учествуваат толку голем број луѓе и дека биле затечени неподготвени.

Индискиот премиер Нарендра Моди истакна дека на семејствата на загинатите во стампедото ќе им се плати по приближно 3 илјади долари оштета. 



Слични вести