Во поплавите во Виетнам животот го загубија 21 лице

Во поплавите во Виетнам животот го загубија 21 лице, оштетени се приближно 100 илјади куќи, откажани се некои железнички линии, а илјадници возила останаа заглавени на патиштата

590688
Во поплавите во Виетнам животот го загубија 21 лице

Во поплавите предизвикани од силните врнежи од дожд во провинциите Куанг Бин и Туа Тиен-Хуе во Виетнам животот го загубија 21 лице.

Како што се истакнува во поплавите биле оштетени приближно 100 илјади куќи, биле откажани некои железнички линии и илјадници возила останале заглавени на патиштата.

Комитетот за спречување на елементарните непогоди го предупредија народот во однос на тоа дека може да биде приморен да го напушти погоденото подрачје од поплавите и поради тајфунот Сарика кој се движи од Филипините кон Виетнам. 

Во тајфунот Сарика (Карен) кој денеска ги зафати северозападните брегови на Филипините животот го загубија две лица.



Слични вести