Состанокот за Сирија во Лозана со оптимистички изјави но без конкретен резултат

Во швајцарскиот град Лозана повторно се состанаа претставниците на 9 земји меѓу кои се наоѓаа и САД, Русија, Турција и Саудиска Арабија, меѓутоа повторно не произлезе конкретен резултат за изнаоѓање решение за присутната криза во Сирија

590353
Состанокот за Сирија во Лозана со оптимистички изјави но без конкретен резултат

Во швајцарскиот град Лозана се одржа уште еден состанок за изнаоѓање решение за сириската криза.

Повторно се состанаа претставниците на 9 земји меѓу кои се наоѓаа и САД, Русија, Турција и Саудиска Арабија, меѓутоа повторно не произлезе конкретен резултат за изнаоѓање решение за присутната криза во Сирија.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој ја претставуваше Турција по состанокот изјави дека од средбата не произлезе конечна одлука, но нагласи дека бил постигнат компромис по прашањето на хуманитарната помош.

Подвлекувајќи дека без да се губи време треба да му се доставува хуманитарна помош на Алепо, Чавушоглу го нагласи значењето од доставување на неопходната хуманитарна помош на населението во Алепо без притоа да се прави било каква разлика.

Чавушоглу објасни дека Турција доставила предлог по ова прашање и рече: „Да се формира меѓународен конвој, односно да доставиме хуманитарна помош под знамиња и камиони на различни земји. Тоа и би било симболично и не би било интервенирано на овој конвој.“

Нагласувајќи дека за изнаоѓање конечно решение треба да започнат и политичките преговори, Мевлут Чавушоглу рече: „Преговарачите на режимот и опозиционерите во секои услови треба да седнат на маса и да ги споделуваат своите мислења во врска со иднината на Сирија.“

По состанокот изјава пристигна и од американскиот државен секретар Џон Кери  кој одржаниот состанок го окарактеризира како мошне искрен „бреин сторминг“.

Кери истакна дека и покрај тоа што повремено дошло до тензии меѓу страните средбата во основа била мошне конструктивна.

Велејќи дека од страните пристигнале низа идеи Кери напомена дека бил постогнат обемен договор во однос на некои клучни изрази, а особено по прашањето на ставањето крај на судирите.

Како што рече Кери била постигната согласност во правец на тоа дека доколку биде направена интензивна проценка на изнесените идеи би можела да се појави политичка патна карта за политички раговори. 

Американскиот државен секретар Џон Кери исто така нагласи дека утре (понеделник) ќе се оствари и нова средба меѓу страните на пониско ниво.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пак рече: „Водејќи сметка и за постигнување на одреден компромис кој што би помогнал во поттикнување на мирот во Сирија се договоривме по прашањето на потребата од продолжување на нашите средби и во наредните денови.“



Слични вести