Самитот за климатски промени во Руанда

200 земји колку што учествуваа на Самитот за климатски промени во Руанда се поделија на три групи во однос на прашањето за ограничување хидрофлорокарбонот за кој едногласно одлучија дека е поштетен од јаглеродниот диоксид

590380
Самитот за климатски промени во Руанда

На Самитот за климатски промени во Руанда за прв пат е постигната едногласност по прашањето на тоа дека хидрофлорокарбонот е поштетен од јаглеродниот диоксид во создавање на ефект на стаклена градина.

Меѓутоа кога се појави прашањето за ограничување на овој гас 200 земји колку што учествуваа на самитот се подалија на три групи.

Повеќе од 100 земји на чело со Кина кои ја загадуваат најмногу земјината површина соопштија дека заклучно со 2024 година ќе ја замрзнат употребата на гасот хидрофлорокарбон.  

САД како втора по ред земја која ја загадува најмногу животната средина на земјината површина и ЕУ пак соопштија дека испуштањето на овој гас заклучно со 2019 година ќе го намалат за најмалку 10-отсто.

Од друга страна Индија, Пакистан и Заливските земји истакнаа дека до 2028 година нема да ја ограничат употребата на хидрофлорокарбонот.

Хидрофлорокарбонатот кој се прифаќа како гас кој што најмногу ја загадува животната средина се употребува особено во фрижидерите, клима уредите и спрејовите.



Слични вести