САД: Преземени се потребните мерки против заканата врз американските бродови во Црвеното Море

Портпаролот на американската флота Гери Рос истакна дека се преземени потребните мерки против новата утврдена ракетна закана врз американските бродови кои пловат во меѓународните води на Црвеното Море

590436
САД: Преземени се потребните мерки против заканата врз американските бродови во Црвеното Море

Американската флота истакна дека била утврдена нова ракетна закана врз американските бродови кои пловат во меѓународните води на Црвеното Море, но дека се преземени потребните мерки по ова прашање.

Портпаролот на американската флота Гери Рос во објавеното писмено соопштение истакна дека сеуште се прави проценка на оваа состојба.

Нагласувајќи дека Вашингтон ќе продолжи да ја брани слободната пловидба на американските бродови во Црвеното Море кое е значаен поморски пат, Гери Рос напомена дека ќе бидат преземени сите видови мерки за да се даде одговор на секој вид закана против американските морепловци и бродови. 

Американскиот секретаријат за одбрана Пентогон соопшти дека изминативе денови од областа под контрола на Хусите во Јемен неколку пати биле истрелани ракети врз американскиот разорувач USS Mason кој плови во Црвеното Море и дека потоа биле уништени два радарски системи кои одиграле улога во ракетните напади врз американскиот разорувач.



Слични вести