Кина ја повика Русија за примена на обемно кинеско-руско партнерство за стратешка соработка

Кинескиот претседател Ши Џинпинг учествуваше на осмиот самит на земјите од групата БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка)  кој се одржа во индискиот град Гоа

590585
Кина ја повика Русија за примена на обемно кинеско-руско партнерство за стратешка соработка

Кина ја повика Русија за примена на обемно кинеско-руско партнерство за стратешка соработка.

Кинескиот претседател Ши Џинпинг учествуваше на осмиот самит на земјите од групата БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка)  кој се одржа во индискиот град Гоа.

Во рамките на самитот кинексиот претседател Ши Џинпинг оствари и билатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Велејќи дека Кина и Русија за одбрана на интерсите на земјите во развој треба да ги поттикнуваат овие земји за формирање на поразумен меѓународен поредок, Џинпинг го повика Путин со одлучност да се стави во примена обемно кинеско-руско партнерство за стратешка соработка.

Двајцата лидер Џинпинг и Путин разменија мислења по прашањето на регионалните и глобалните интереси и постогнаа компромис по прашањето на продолжување на блиската соработка и координација за продолжување на мирот и стабилноста во североисточна Азија.

Кинескиот претседател освен со рускиот претседател Владимир во рамките на самитот на БРИКС се состана и со индискиот премиер Нарендра Моди и претседателот на Јужноафриканксата Република Џејкоб Зума.

Во меѓувреме Кина ќе биде домќин на 9-от самит на земјите од групата БРИКС кој ќе се одржи следната година.



Слични вести