Американските артилериски единици почнаа да ги гаѓаат целите на ДАЕШ во Мосул

Американските единици во регионот ги гранатираат со топови целите на терористичката организација, додека пристигнуваат вести дека терористите ги палат нафтените лежишта во градот

590349
Американските артилериски единици почнаа да ги гаѓаат целите на ДАЕШ во Мосул

Започна последен чекор од операцијата со која се има за цел да се исчисти од терористичката организација ДАЕШ вториот по големина град на Ирак, Мосул.

Американските единици во регионот ги гранатираат со топови целите на терористичката организација, додека пристигнуваат вести дека терористите ги палат нафтените лежишта во градот.

Во меѓувреме и американски и француски воени авиони ги гаѓаат позициите на терористичката организација ДАЕШ околу градот Мосул.

Од друга страна пак турски владини извори истакнаа дека предупредувањето за секташка војна е сериозно сфатено и дека во операцијата не учествуваат шиитските сили.

Турција ја предупреди американската управа дека учеството на шиитските сили во операцијата на Мосул може да започне стогодишна секташка војна во регионот.

Исто така и турски воени извори укажуваат на тоа дека она што се прави во моментов претставува стеснување на обрачот и натрупување оружје и муниција и дека тоа претставува последна фаза пред операцијата за ослободување на градот Мосул, вториот по големина град на Ирак од рацете на терористичката организација ДАЕШ.



Слични вести