Во самоубиствен бомбашки напад во Багдад загинаа 2 лица, а 4 лица се повредени

Според објавеното соопштение од Командата за операции во Багдад е реализиран самоубиствен бомбашки напад на шаторот за сочувство кој што бил поставен во областа Џадирије во Багдад во рамките на церемониите за сеќавање на настанот на Кербела

590612
Во самоубиствен бомбашки напад во Багдад загинаа 2 лица, а 4 лица се повредени

 

Во реализиран самоубиствен бомбашки напад во главниот град на Ирак Багдад според првични претпоставки животот го загубија два лица, а четири лица се повредени.

Според објавеното соопштение од Командата за операции во Багдад е реализиран самоубиствен бомбашки напад на шаторот за сочувство кој што бил поставен во областа Џадирије во Багдад во рамките на церемониите за сеќавање на настанот на Кербела.

Ирачкиот главен град Багдад и вчера беше цел на самоубиствен напад исто така на поставен шадор за сочувство во областа Шааб каде што се одржуваа церемонии по повод одбележувањето на 377-годишнината од убиството на Хазрети Хусејин, внукот на муслиманскиот божји пратеник Мухамед (с.а.в.с.).

Во овој самоубиствен бомбашки напад реализиран од страна на терористичката организација ДАЕШ животот го загубија 25 лица, а 38 лица беа повредени.

 



Слични вести