Главна тема на претстојниот состанок во Лозана е повторното воспоставување на примирјето

Сите големи актери треба да преземат одредени одговорности и обврски

589522
Главна тема на претстојниот состанок во Лозана е повторното воспоставување на примирјето

Портпаролот на Министерство за надворешни работи на Русија Марија Захарова рече дека главна тема на претстојниот состанок посветен на Сирија што се планира да се одржи во Лозана е повторното воспоставување на примирјето.

Захараова на неделната прес конференција рече дека на состанокот посветен на Сирија во Лозана ќе учествуваат министрите за надворешни работи на Русија, САД, Турција и Саудиска Арабија и специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан де Мистура.

За успешноста на форматот на состанокот во Лозана, сите големи актери треба да преземат одредени одговорности и обврски и да раководат со потребните активности за придржување кон примирјето на терен. Во случај да успееме да постигнеме компромис, тогаш ќе се формираат потребните услови за изнаоѓање политичко решение на кризата во Сирија.

Захарова во говорот на прес конференцијата се осврна и на состојбата во Алепо и ја изрази спремноста на режимот на Асад и ОН за барање солуции за изнаоѓање решение на состојбата во Сирија.



Слични вести