Во воздушните напади во Алепо во последните два дена загинаа над 145 лица

Во реализираните воздушни напади во Алепо во областите под контрола на опозиционерите во последните два дена загинаа над 145 лица, а голем број лица се повредени

589096
Во воздушните напади во Алепо во последните два дена загинаа над 145 лица

Бројот на загинатите во последните два дена во воздушните напади кои што продолжуваат во градот Алепо во Сирија на областите под контрола на опозиционерите изнесува над 145 лица, а голем број лица се повредени.

Цел на едниот од последните воздушни напади беше најголемиот пазар во Алепо.

Во овој напад животот го загубија 15 лица и беа срушени голем број згради.

Слична слика преовладува и во западниот дел на градот Алепо каде што во бомбардирањето чија цел беше едно училиште во населбата Сулејманије животот го загубија најмалку четири деца.

Руското министерство за надворшени работи соопшти дека од областа која се наоѓа под контрола на противниците на режимот биле истрелани две гранати од хаубици врз руската амбасада во Дамаск.

Едната од истреланите гранати од хаубици паднала во близина на стражарското место пред амбасадата, а втората граната експлодирала веднаш во близина на влезот на конзулатот.

И во двете експлозии немало човечки загуби.



Слични вести