Во Лајпциг се самоуби Сириецот Жабер Алкабр кој се држеше во притвор

Поради сомнение дека има склоност кон самоубиство, Албакр се држеше во посебна просторија и под надзор

588517
Во Лајпциг се самоуби Сириецот Жабер Алкабр кој се држеше во притвор

Сириецот Жабер Албакр кој беше фатен поради сомнение дека учествувал во подготовка за бомбашки напад, се самоуби во затворот во Лајпциг каде што се држеше во притвор.

22 годишниот Жабер Албакр кој во Германија престојуваше како бегалец, за викендот беше фатен во германскиот град Лајпциг и приведен од страна на безбедносните сили.

Според веста на Германската новинска агенција ДПА, Албакр кога беше приведен почна штрајк со глад.

Поради сомнение дека има склоност кон самоубиство, Албакр се држеше во посебна просторија и под надзор. Големо интересирање предизвика начинот како се самоубил Албакр кој се држеше под надзор.

Јавното обвинителство се сомневаше дека осомничениот бил поврзан со терористичката организација ДАЕШ.



Слични вести