Американската армија бомбардираше три радарски позиции на Хутите во Јемен
Цел на нападот беа радарските позиции кои се употребуваат при исфрлањето на ракетите врз бродот разурнувач УСС Масон и другите бродови

Американската армија бомбардираше три радарски позиции во подрачјата кои се наоѓаат под контрола на Хутите во Јемен
Портпаролот на Американскиот државен секретаријат за одбрана Пентагон Питер Кук рече дека денешниот напад во утринските часови на радарските позиции на Хутите на крајбрежјето на Црвеното море во Јемен беше извршен на препорака на министерот за одбрана Ештон Картер и началникот на американскиот здружен Генералштаб Џозеф Данфорд и со одобрение на претседателот Барак Обама.
Цел на нападот беа радарските позиции кои се употребуваат при исфрлањето на ракетите врз бродот разурнувач УСС Масон и другите бродови кои крстарат по меѓународните води на Црвеното море.
Нападот има одбранбена цел и беше извршен со цел да се заштитат воениот персонал на САД, бродовите и значајните морски коридори за крстарење на бродовите, рече Кук и потенцираше:
САД секогаш ќе одговори на евентуалните закани кои можат да предизвикаат штета на нашите бродови и трговскиот сообраќај. Ќе продолжиме со заштитата на слободата на крстарење во Црвеното море, морскиот теснец Баб ел-Мендеб и другите места на светот рече Кук.
Пентагон соопшти дека неколку дена американскиот разурнувач УСС Масон кој крстари низ Црвеното море е цел на ракетни напади исфрлени од подрачјето Худајда кое се наоѓа по контрола на шиитите Хути.